• четврток, 21 ноември 2024

Локална конференција „Одлучувам, значи постојам - Кисела Вода - општина посветена на децата“

Локална конференција „Одлучувам, значи постојам - Кисела Вода - општина посветена на децата“

Скопје, 22 мај 2024 (МИА) - Во организација на Првата детска амбасада во светот Меѓаши денеска ќе се одржи локалната конференција „Одлучувам, значи постојам - Кисела Вода - општина посветена на децата“ во рамки на проектот „Место за растење: Општини посветени на децата“.

На коференцијата, како што најавуваат организаторите, ќе се обратат Драги Змијанац, претседател и основач на Првата детска амбасада во светот Меѓаши, Кристина Василеска, директорка на Центар за семејно и детско згрижување КМОП Скопје, Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на општина Кисела Вода, Миле Петков, градоначалник на општина Виница и други чинители.

Како што информираат организаторите, во изминатите 12 месеци „Мешаѓи“ во Кисела Вода спровела информативни сесии, фокус групи и низа обуки за зајакнување на капацитетите на воспитно-образовните институции и локалните власти со цел унапредување на правата на децата и нивно вклучување во локалното планирање во општина Кисела Вода.

-Истите ни помогнаа подобро да ги разбереме потребите но и да ги запознаеме
ресурсите со кои располага Општината за оваа тематика. Врз основа на анализата на тие потреби, дизајниравме локални панели за креирање на стратешки план за општина Кисела Вода со цел унапредување на правата на децата и нивно вклучување во локалното планирање во општина Кисела Вода, се наведува во најавата од „Меѓаши“.фф/са/

Фото: Принтскрин

 

Остани поврзан