• недела, 19 мај 2024

Локализиран големиот шумски пожар над Отовица (ДПЛ) 

Локализиран големиот шумски пожар над Отовица (ДПЛ) 

Велес, 2 август 2023 (МИА) - Во 19.40 часот е локализиран големиот шумски пожар над село Отовица во близина на велешко езеро, но не е целосно ликвидиран поради што екипи на Територијалната противпожарна единица од Велес се уште се на терен за негова целосна ликвидација, информираа за МИА од Територијалната противпожарна единица Велес.

Пожарот кој е на непристапен терен  избувна попладнето  во 14 часот и со него беше зафатена борова шума.

Освен пожарникари од ТППЕ Велес во негово гаснење се вклучија и вработени во ЈКП„Дервен“ и месното население од село Отовица, а откако градоначалникот Марко Колев побара помош од Дирекцијата за заштита и спасување интервенираа и два авиона на ДЗС. Во гаснењето се вклучи и еден хеликоптер на Хеликоптерската единица за посебни намени при МВР кој дејствуваше во 12 налети при што беа исфрлени 36 тони вода.

На 31 јули на истиот терен кој е во близина на на автопатот Велес-Скопје исто така избувна пожар, но тогаш не беше зафатена толкава површина и беше изгаснат за пократко време беше изгаснат.ад/лв/

фото: МИА

видео: МВР

 

Тагови

Остани поврзан