• среда, 18 декември 2024

Лога: Искуствата од Саудиска Арабија ќе придонесат за целосна дигитализација на правосудство во нашата земја

Лога: Искуствата од Саудиска Арабија ќе придонесат за целосна дигитализација на правосудство во нашата земја

Скопје, 9 март 2024 (МИА) - Споделените искуства со колегите од Кралството на Саудиска Арабија ќе придонесат да се овозможи целосна  дигитализација на правосудство и во нашата земја, констатирал министерот за правда во техничката Влада, Кренар Лога по посетата на Центарот за дигитализација на недвижности во  Саудиска Арабија.

Како што соопшти Министерството за правда, министерот Лога во Центарот од страна на инженерот Ахмед Алсаламн  бил запознаен со начинот и фазите на дигитализацијата, од селекција на документите, внесување и ревизија, трансферот во лабораториите за дигитализација, стерилизација и реставрација, скенирање и архивирање, до контрола на квалитетот пред конечното снимање и доделувањето на единствен код на секој документ.

Во Центарот за дигитализација, како што е наведено во соопштението, се обработуваат и стари тапии кои се долги над три метри и стари над 100 години, а воедно било посочено дека централниот архивски објект има капациет за дигитализација на 115 000 метри документи.

-Преку воведување нови услуги, односно дигитализација на имотните листови, е-плаќање данок на имот, е-пренос на имот во рок од 60 минути и делење на станбените единици во рок од неколку секунди, а не во месеци, се олеснило целокупното работење на поголем број институции и со тоа се придонело кон поефикасно и поквалитетно работење, се наведува во соопштението од Министерството за правда. дма/мч/

Фото: Министерство за правда

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан