• понеделник, 18 ноември 2024

Ли: Кина ќе обезбеди снабдување со храна и стабилни цени во Вухан

Ли: Кина ќе обезбеди снабдување со храна и стабилни цени во Вухан
Вухан, 27 јануари 2020 (МИА) - Кина ќе обезбеди снабдување со храна и стабилни цени во градот Вухан, центарот на коронавирусот, изјави кинескиот премиер Ли Кечианг, кој денеска го посети градот, кој е изолиран. За време на посетата на Вухан, Ли разговараше со пациенти и медицински персонал. Најмалку 80 лица починаа од коронавирусот, а само во Кина се заразени 2.744 лица. Вирусот продолжи да се шири во светот, каде што се регистрирани 50 заразени случаи, од кои петмина во САД. Засега нема смртни случаи надвор од Кина, додека заразени се регистрирани во Хонг Конг, Макао, Тајван, Тајланд, Јапонија, Јужна Кореја, САД, Канада, Виетнам, Сингапур, Непал, Австралија, Малезија и Франција. Околу 60 милиони луѓе се во делумен или целосен карантин, бидејќи кинеските власти забранија влез и излез од градот Вухан. паг/

Остани поврзан