• понеделник, 23 декември 2024

Ли ненамерно го откри добитникот на Златната палма на почетокот од церемонијата 

Ли ненамерно го откри добитникот на Златната палма на почетокот од церемонијата 
Париз, 18 јули 2021 (МИА) - Претседателот на жирито на Канскиот филмски фестивал, Спајк Ли синоќа ненамерно предвреме го откри името на победничкиот филм, наместо на крајот од церемонијата за доделување на наградите, јави дописникот на МИА. Триесет и седум годишната-годишната Французинка Жулија Дукурно е втора жена режисер што ја освоила престижната награда – Златната палма по Џејн Кампион во 1993 година за „Час по пијано“. Две категории беа доделени на два филма истовремено. Големата награда им припадна на Асгар Фархади за „Херој“ и на Јухо Куосманен за „Купе број 6“, а наградата на жирито им беше доделена на Надав Лапид за „Колено“ и Апичатпонг Веерасетхакул за „Меморија“. Нагрдата за најдобра режија, ја доби Леос Каракс за „Анет“. Награда за најдобар актер ја доби Калеб Ландри Џонс за улогата во филмот „Нитрам“. Награда за најдобра актерка ја доби норвежанката Ренате Реинсве во „Јули (во 12 поглавја)“. Награда за најдобро сценарио ја добија Јапонците, Рјусуке Хамагучи и Тамаса Ое за „Вози го мојот автомобил“. Златната камера и беше доделена на Хрватката. Антонета Аламат Кусијановиќ за филмот „Мурина“. Таа не беше присутна за време на церемонијата, бидејќи пред еден ден се породи. Златната палма доби и краткиот филм „Сите гаврани на светот“ од Танг Ји. Првпат во официјална селекција на Канскиот фестивал се најде и еден македонски филм, „Северен пол“ на Марија Апчевска, кој беше меѓу десетте селектирани од вкупно 3.739 прегледани краткометражни. тг/ми/

Тагови

Остани поврзан