• вторник, 26 ноември 2024

Приведен 62-годишник од битолско Крклино поради „тешка кражба“

Приведен 62-годишник од битолско Крклино поради „тешка кражба“

Скопје, 4 април 2023 (МИА) - Полициски службеници вчера го привеле Б.А., на возраст од 62 години, од битолското село Крклино, информираат денеска од Министерството за внатрешни работи.

- При претрес во неговиот дом, извршен врз основа на наредба од Основен суд Битола, биле пронајдени и одземени предмети што потекнуваат од кривично дело „тешка кражба”, кое го извршил во објект на приватна фирма во периодот од 1 до 3 април, се појаснува во соопштението.

Тој бил задржан во полициска станица, а предметите биле вратени на сопственикот.

По целосно документирање на случајот, против Б.А. ќе следува соодветна кривична пријава. бд/са/

ФОТО: Архива

Остани поврзан