• петок, 05 декември 2025

Лишен од слобода 21-годишник од Тетовско, пукал додека одел на семејна веселба и настанот го објавил на социјална мрежа

Лишен од слобода 21-годишник од Тетовско, пукал додека одел на семејна веселба и настанот го објавил на социјална мрежа

Тетово, 23 октомври 2025 (МИА) – СВР Тетово информира дека е лишен од слобода 21-годишник од Голема Речица кој бил пријавен дека пукал на семејна веселба и потоа тоа го објавил на социјална мрежа. Случајот бил пријавен вчера во 10 часот, а 21-годишникот е пријавен ноќеска во 00:50 часот.

-Полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.Ш.(21) од с.Голема Речица, постапувајќи по претходна пријава дека во 10:00 часот во с.Желино, додека одел на семејна веселба, од неговото патничко возило „бмв" со тетовски регистерски таблици пукал со огнено оружје и настанот го објавил на социјална мрежа. Од С.Ш. е одземен пиштол „зораки" со една празна рамка и една кутија со 21 патрони, за кои не поседувал дозвола, соопшти СВР Тетово.

Според информациите на тетовската полиција тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок. ас/мд/

фото: МИА архива 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан