• петок, 05 декември 2025

Лишен од слобода разбојник во Битола, расчистени три разбојништва

Лишен од слобода разбојник во Битола, расчистени три разбојништва

Скопје, 30 мај 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.С.(23) од Битола поради сомнение за сторени три кривични дела „разбојништвo” на подрачје на Битола, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што се наведува во соопштението од МВР во 15:20 часот С.С. на крстосницата од улиците „Мирка Гинова “, „Ѓорги Наумов” и „Солунска“ од А.В. (27) од Битола со употреба на сила одзел чанта.  

Околу 15:30 часот на крстосницата од улиците „Партизанска” и „Македонска фаланга” кон село Кравари, С.С. од С.К.(56) од  село Кравари со употреба на сила одзел чанта, а потоа на ул. „Партизанска“ и од Л.М.(57) од Битола одзел чанта и ја турнал на земја.

-Веднаш по добиените пријави, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници од СВР Битола и С.С. е лишен од слобода. По документирање на настаните, ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР. свс/цр

Фото: МИА архива

Остани поврзан