• недела, 22 декември 2024

Лишен од слобода насилник, баран со потерница за издржување на затворска казна

Лишен од слобода насилник, баран со потерница за издржување на затворска казна
Скопје, 20 март 2023 (МИА) - Полициски службеници од СВР Куманово, вчера во 18:20 часот, го лишиле од слобода З.С.(41) од Куманово.
 
Од МВР информираат дека З.С. бил баран со потерница врз основа на судска наредба за издржување на затворска казна за сторено кривично дело по член 386 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Скопје за издржување на казната. дма/
 
Фото:МИА архива

Остани поврзан