• петок, 05 декември 2025

Лишен од слобода кумановец, управувал возило со брзина од 91 км/час во населено место каде што е дозволено 40 км/час

Лишен од слобода кумановец, управувал возило со брзина од 91 км/час во населено место каде што е дозволено 40 км/час

Скопје, 26 мај 2025 (МИА) - Припадници на Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово вчера попладнето во 18.20 часот го лишиле од слобода С.М.(19) од Куманово, кој во населено место управувал со брзина 50 километри на час поголема од дозволената.

-При контрола на патниот сообраќај констатирано е дека тој управувал патничко моторно возило „бмв“ со брзина од 91 километри на час во населено место каде што дозволената брзина е 40 километри на час, појаснуваат од МВР.

По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик - „безобѕирно управување со моторно возило“. сст/aa/

Фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан