• недела, 22 декември 2024

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Скопје, 10 ноември 2024 (МИА) - Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица синоќа во 22.50 часот го лишиле од слобода Ф.Р.(20) од Турција поради тоа што околу 22 часот на локалниот пат Стојаково-Богданци при извршен преглед во патничко возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, кое тој го управувал, биле пронајдени девет лица-мигранти.

Како што информираат денеска од МВР, од мигрантите седум биле од Ирак и двајца од Сирија. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, а мигрантите биле пренесени во Прифатно-транзитен центар „Винојуг“-Гевгелија. сст/дма/

фото МИА архива

 

 

Остани поврзан