• среда, 17 јули 2024

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Лишен од слобода криумчар на мигранти

Скопје, 31 декември 2022 (МИА) – МВР информира дека вчера, во 10.50 часот, на клучка Прдејци,  на автопатот Скопје – Гевгелија, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица го лишиле од слобода Џ.К.(51) од Косово.

-При контрола во возило „фиат типо“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на рент-а- кар агенција, кое тој го управувал, биле пронајдени пет лица- мигранти од Индија, соопштуваат од полицијата.

Џ.К. е задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со Јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. ир/лв/

Остани поврзан