• недела, 30 јуни 2024

Лишен од слобода криминалец баран со потерница

Лишен од слобода криминалец баран со потерница

Скопје, 11 декември 2023 (МИА) - Полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје, денеска во 11:00 часот на ул.„Натанаил Кучевишки“ во Скопје го лишиле од слобода скопјанецот Р.Н.(57).

Како што соопштуваат од МВР, тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во казнено-поправна установа за издржување на казната. дма/

Фото: МИА архива

 

 

 

Остани поврзан