• понеделник, 23 декември 2024

Лишен од слобода криминалец баран со потерница за издржување казна затвор

Лишен од слобода криминалец баран со потерница за издржување казна затвор

Скопје, 5 август 2024 (МИА) - Во Скопје денеска околу 13.15 часот на бул.„Кузман Јосифовски Питу“ во општина Аеродром, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода П.Ќ.(52) од Скопје.

МВР соопшти дека тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години за сторено кривично дело по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено – поправна установа за издржување на казната. цр/са/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан