• петок, 05 декември 2025

Лишен од слобода крадец во Куманово

Лишен од слобода крадец во Куманово

Скопје, 11 јули 2025 (МИА) - Полициски слушбеници вчера лишиле од слобода кумановец кој бил затекнат да одземе предмети од приватен имот.

-Вчера во 05:30 часот полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.З. (45) од Куманово. Тој бил затекнат при обид да одземе предмети од приватен имот на улицата „Бранко Богдански Гуцман“ во Куманово, а исто така се сомничи дека извршил и уште две кражби од приватни имоти, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Како што посочуваат од МВР, лицето е приведено во полициска станица, каде ги признал делата и по целосно документирање на случаите против него ќе следува соодветна пријава. фф/дма/

Фото: МИА Архива

 

Остани поврзан