• петок, 05 декември 2025

Приведен дилер од Штип

Приведен дилер од Штип

Скопје, 30 мај 2025 (МИА) - Штипската полиција вчера го лишила од слобода А.С.(34) од Штип бидејќи при претрес во неговиот дом, но и во семејната куќа во село Дудлица, Македонска Каменица, била пронајдена дрога.

Како што информира денеска МВР, полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје Штип, по добиена судска наредба, извршиле претреси во домот на А.С. и во дворно место од куќа на подрачјето на Штип, како и во семејна куќа во село Дулица, општина Македонска Каменица.

При претресите биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, две дигитални ваги со остатоци од бела прашкаста материја, нож, пари, мобилни телефони и други предмети. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава. сст/

Фото МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан