• сабота, 06 декември 2025

Лишен од слобода возач од скопско поради синоќешната сообраќајна несреќа на улица „Џон Кенеди“ во Скопје

Лишен од слобода возач од скопско поради синоќешната сообраќајна несреќа на улица „Џон Кенеди“ во Скопје

Скопје,10 мај 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје денеска во 00:30 часот на улица „Џон Кенеди“ во Скопје, го лишиле од слобода Ф.А.(57) од скопско Визбегово, поради сообраќајна несреќа, информираат од МВР.

-На 09.05.2025 околу  21.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Џон Кенеди“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.А. и мотоцикл „бмв“, со скопски регистарски ознаки, управуван од А.Ц.(25) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, се вели во соопштението од МВР.

По наредба на јавен обвинител, извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а возачот на патничкото возило „рено“ е лишен од слобода и во консултација со јавен обвинител ќе биде поднесена кривична пријава по итна постапка. аа/

Фото: МИА архива

 

Остани поврзан