• петок, 05 декември 2025

Лишен од слобода возач во Скопје, удрил во пешак кој подоцна починал 

Лишен од слобода возач во Скопје, удрил во пешак кој подоцна починал 

Скопје, 27 септември 2025 (МИА) - На патот меѓу Горно Лисиче и Долно Лисиче во Скопје, денеска во 08:15 часот 30-годишен возач со „ауди“ удрил во 83-годишен пешак, кој се здобил со тешки телесни повреди и подоцна во болница починал.

По насоки на јавен обвинител возачот е лишен од слобода и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

-Денеска (27.09.2025) во 08:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на патот Горно Лисиче – Долно Лисиче во Скопје, патничко возило „ауди а6“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Д.(30) од Скопје, удрило во пешакот Т.Ѓ.(83) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Т.Ѓ., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, каде што подоцна починал. Лекар констатирал смрт, а увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Скопје, се вели во соопштението од МВР. аа/нд/

Фото: МИА архива

 

 

 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан