• четврток, 01 август 2024

Лишени од слобода две лица, пронајден пиштол и криумчарена стока

Лишени од слобода две лица, пронајден пиштол и криумчарена стока

Скопје, 1 август 2024 (МИА) - На локален пат во село Побожје кон место викано Рамно, синоќа околу 22.20 часот од слобода се лишени Љ.И.(38) од скопско Танушевци и Р.И.(63) од село Визбегово, осомничено за сторено кривично дело по член 278 и член 396 од Кривичниот законик и истите се спроведени во ПО Мирковци за понатамошна постапка.

Од МВР денеска осопштија дека од страна на мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, запрено е товарно моторно возило „мерцедес спринтер" со скопски регистарски ознаки.ж

- При извршен преглед на возилото, пронајдени се 110 пакети во кои имало 1.320 кутии со обувки-патики, различна величина и натписи од различни брендови за кои лицата немале соодветна документација. Исто така, при извршениот преглед на возилото пронајден е и пиштол, стои во соопштението од МВР. цр/нд/

Фото: МВР

 

Остани поврзан