Лишени од слобода две лица под сомнеж дека предизвикале пожар во општина Кавадарци
- Лишени од слобода биле две лица под сомнеж дека предизвикале пожар во општина Кавадарци, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
Кавадарци, 30 август 2025 (МИА) - Лишени од слобода биле две лица под сомнеж дека предизвикале пожар во општина Кавадарци, информираа денеска од Секторот за внатрешни работи Велес.
- Вчера во 19:00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци, по превземени оперативни мерки и активности ги лишиле од слобода З.К.(33) пд Бегниште, кавадаречко и И.И.(19) од Кавадарци, поради сомнение дека предизвикале пожар на сува трева, трња и ниско стеблеста шума кај месноста викана Блато на Тиквешко Езеро, во атарот на село Куманичево, кавадаречко, појаснија од СВР Велес.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгасен со вклучување на авиони од Дирекција за заштита и спасување, возила на интервентна пожарна бригада при ДЗС и територијална против пожарна единица Кавадарци. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, и се работи на целосно расчистување на случајот. свд/вј/
Фото: МИА архива