• петок, 05 декември 2025

Лишени од слобода двајца турски државјани поради предизвикување пожар во Горно Нерези

Лишени од слобода двајца турски државјани поради предизвикување пожар во Горно Нерези

Скопје, 21 септември 2025 (МИА) - Полициски службеници од СВР Скопје, вчера во 18:00 часот ги лишиле од слобода Џ.К.(50) и А.А.(43), двајцата од Република Турција, со привремен престој во Скопје.

Како што соопшти денеска МВР, тие се сомничат дека на плац во Горно Нерези, скопско, предизвикале пожар.

-Имено, додека работеле со апарат за заварување, од искрите настанал пожар на сува трева, кој се проширил и надвор од плацот. Пожарот е изгаснат од страна на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, се наведува во соопштението. дма/

Фото:МИА архива
 

 


 

 

Остани поврзан