• четврток, 24 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Лишени од слобода двајца возачи поради возење под дејство на алкохол

Лишени од слобода двајца возачи поради возење под дејство на алкохол

Скопје, 6 април 2025 (МИА) - Полициски службеници  од ОВР Кавадарци денеска ги лишиле Х.К. (22) и А.М. (35) поради сомнение за сторено кривично дело „Безобзирно управување со моторно возило“, предвидено во член 297 А од КЗ, а поради  управување на возило под дејство на алкохол. 

Како што информира МВР, кај Х. К. е констатирано дека возилото го управувал со 2.65 промили алкохол во крвта, додека кај А. М. констатирано е дека истиот го управувал возилото со 3.34 промили алкохол во крвта.

Лицата се задржани во ОВР Кавадарци, известен е Јавен обвинител од ОЈО Кавадарци и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок. аа/

Фото: МВР

 

Остани поврзан