Лицата од „Генерацијата Зед“ претпочитаат нематеријални подароци
- За помладо лице од „Ген З.“, ова може да бидат и првите финансиски чекори кон самостојноста, независноста и слободниот избор.
Скопје, 6 декември 2024 (МИА) - За лицата од „Генерацијата Зед“, се вели, размислуваат „вон рамките“, па и подароците за нив треба да бидат такви... Тие млади луѓе се прилично пребирливи, но знаат што сакаат.
Родени се меѓу 1997 и 2012 година и пораснале со дигиталната технологија. Ја ценат различноста и се отворени за различни култури и разни гледишта. Претпочитаат искуства и практични решенија коишто им овозможуваат поголема слобода во секојдневниот живот. А, за оние кои размислуваат што да им подарат, а тоа да не заврши во фиока, лицата од тн. „Ген. З.“ сè помалку бара материјални нешта, а сè повеќе го цени искуството и практичните решенија што им овозможуваат поголема слобода и контрола, според истражувањето на „Тинклаб“ (ThinkLab).
Следат неколку идеи за подароци за помладите.
Пред сѐ, за „Генерацијата Зед“, концертите, културните и спортските настани се својствен начин на забава. Затоа, наместо класични подароци како козметика или технолошки уреди, влезници ќе бидат добро искористен подарок. Тоа е можност за заедничко искуство и спомени коишто ќе траат многу подолго од кој било материјален подарок.
Ако не сте сигурни за кој настан да биде билетот, т.е. ако не го знаете неговиот или нејзиниот вкус, може да се смисли начин на којшто тој / таа ќе може да избере што сакаат да искусат. Таков начин е практична и безбедна кредитна картичка за секојдневна употреба. За помладо лице од „Ген З.“, ова може да бидат и првите финансиски чекори кон самостојноста, независноста и слободниот избор.
И друштвените игри се секогаш добра идеја. Овие подароци го поттикнуваат дружењето.
За носталгичарите, игрите и другите подароци што ги поврзуваат минатото и сегашноста се паметен избор, којшто ќе носи емоционална вредност и за помладите, и за повозрасните. си/
Фото: МИА архива