• петок, 20 декември 2024

Литванија ќе помогне во финансирањето на чешкиот план за зајакнување на испораката на муниција за Украина

Литванија ќе помогне во финансирањето на чешкиот план за зајакнување на испораката на муниција за Украина

Вилнус, 4 март 2024 (МИА) – Литванија ќе влезе во чешката иницијатива за набавка на артилериска муниција за Украина, која е нападната од Русија повеќе од две години.

Литванската премиерка Ингрида Симоните денеска во телефонски разговор му го дала ова ветување на својот чешки колега Петр Фиала, пренесе ДПА.

- Литванија се приклучува и ќе ја финансира чешката иницијатива за муниција, напиша таа на X.

- Литванија ќе придонесе за сите меѓународни напори што ја приближуваат Украина до нејзината и до нашата победа, нагласи таа.

Чешка работи на собирање финансиска поддршка за планот да купи големи количества артилериска муниција за Украина од земји кои не се членки на ЕУ.

Литванија, која граничи со Русија, е еден од најверните поддржувачи на Киев меѓу западните поддржувачи. Резервите муниција на ЕУ за Украина се речиси празни. јт/

Фото: Х

Остани поврзан