• петок, 22 ноември 2024

Литванија прогласи за персона нон грата висок руски дипломат

Литванија прогласи за персона нон грата висок руски дипломат
Вилнус, 3 октомври 2022 (МИА) - Литванското Министерство за надворешни работи денеска го прогласи привремениот управител на руската амбасада во земјата за персона нон грата, се вели во соопштението на Министерството. „На 3 октомври, претставник на Амбасадата на Руската Федерација во Литванија беше повикан во Министерството за надворешни работи и му беше врачена нота за прогласување на привремениот управител на руската амбасада Сергеј Рјабокон за персона нон грата, се наведува во соопштението. Дипломатот има рок од пет дена да ја напушти земјата. „Литванија ја донесе оваа одлука, земајќи ги предвид информациите дадени од надлежните органи дека неодамнешните дејствија и изјави на Рјабокон се некомпатибилни со неговиот дипломатски статус и се сметаат за мешање во внатрешните работи на земјата домаќин, а со тоа ја прекршуваат Виенската конвенција за дипломатски односи“, се додава во соопштението на Министерството. паг/

Остани поврзан