• понеделник, 23 декември 2024

Литванија ги поздрави плановите на германската „Рајнметал“ за изградба на фабрика за муниција во земјата

Литванија ги поздрави плановите на германската „Рајнметал“ за изградба на фабрика за муниција во земјата

Вилнус, 15 март 2024 (МИА) - Министерот за национална одбрана на Литванија, Арвидас Анушаускас ги поздрави плановите на германската компанија за оружје „Рајнметал“ за изградба на фабрика за муниција во земјата, јави ДПА.

-Плановите ќе значат „отворање работни места како и инвестиции во нашата економија, од кои повеќето ќе бидат придружени со учество на други компании. Го поздравувам заедничкото учество на литванските власти во овој важен одбранбен проект, напиша тој синоќа на Фејсбук.

„Рајнметал“ претходно ги потврди плановите за изградба на фабрика за муниција во Литванија. Сепак, допрва треба да се донесе конечна одлука. Според литванските медиуми, претставниците на компанијата разговарале со политичките лидери кон крајот на 2023 година и почетокот на оваа година.

На територијата на Литванија во иднина треба постојано да биде стационирана и оклопна бригада на Бундесверот.

Од летото 2022 година, „Рајнметал“ има центар за техничка поддршка заедно со германската компанија за оружје „Kraus-Maffei Wegmann“. Таму се одржуваат борбените возила на единиците на НАТО стационирани во балтичките републики, како и борбените тенкови Леопард 2 кои Германија и ги обезбеди на Украина. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан