• петок, 05 декември 2025

Литванија бара од НАТО противвоздушна помош по инцидентот со рускиот дрон

Литванија бара од НАТО противвоздушна помош по инцидентот со рускиот дрон

Вилнус, 5 август 2025 (МИА) - Литванските власти денеска побараа од НАТО да преземе итни мерки за зајакнување на воздушната одбрана откако беше откриено дека руски дрон пронајден на нејзина територија минатата недела носел експлозив.

Министерот за надворешни работи Кестутис Будрис објави дека тој и министерот за одбрана Довил Сакалиене му пишале на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, барајќи „итни мерки за зајакнување на капацитетите за воздушна одбрана на Литванија“.

„На 28 јули, руски воен дрон го нарушил воздушниот простор на Литванија“, напиша Будрис на платформата X. 

Дронот го виделе очевидци над делови од Вилнус, бил пронајден во воен тренинг центар на 1 август.

„За време на инспекцијата на леталото, беше утврдено дека носел експлозивна направа, која била успешно неутрализирана на лице место“, изјави за новинарите литванската главна обвинителка Нида Грунскијене. зш/

Остани поврзан