• недела, 22 декември 2024

Литванија алармира дека неколку часа не работеле мерните станици за радијација во Белорусија

Литванија алармира дека неколку часа не работеле мерните станици за радијација во Белорусија
Вилнус, 26 март 2021 (МИА) - По наводниот инцидент во белоруската нуклеарна електрана Аставец, мерните станици за радијација неколку часа не работеа, поради што податоците за следење на радијацијата во Белорусија не беа достапни, соопштија денеска литванските власти и побараа повеќе информации од Минск. - Кон средината на денот мерните станици беа исклучени од мрежата, изјави Јулиус Жилиукас од литванскиот Радиолошки безбедносен центар. Тој додаде дека немаат информации за што се работи, а мерните станици биле повторно вклучени и покажуваат нормално ниво на радијација. Белорусија дематира дека се случил инцидент и тврди дека зрачењето е во нормални граници. Белоруските медуми на 7 март објавија за дефект на разладниот систем во нукеларната електрана Аставец, што се наоѓа на околу 50 километри од Вилнус. Од пуштање во работа на првиот реактор на нуклеарната централа Аставец во ноември минатата година се случија уште неколку инциденти. Но, белоруските властѕи во сите случаи или демантираа или признаваа дека нешто непланирано се случило откако невладини организации и активисти јавно објавиле информации. Литванија тврди дека нуклеарната електрана финансирана од Кремљ, а изградена од руската државна нуклеарна корпорација Росатом, не е безбедна и оти е изградена кршејќи ги меѓународните безбедносни стандарди. Белорусија ги негира таквите наводи. ми/

Остани поврзан