• вторник, 24 март 2026

Лиса Кудроу ја отфрли можноста за ново обединување на актерската екипа од „Пријатели“

Лиса Кудроу ја отфрли можноста за ново обединување на актерската екипа од „Пријатели“

Вашингтон, 24 март 2026 (МИА) - Актерката Лиса Кудроу ја отфрли можноста за ново обединување на актерската екипа од популарната серија „Пријатели“,истакнувајќи дека во моментов нема такви планови.

Кудроу, која ја толкуваше улогата на Фиби Буфе во периодот од 1994 до 2004 година, заедно со своите колеги Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Мет Лебланк, Метју Пери и Дејвид Швимер, веќе се појави во специјалното издание на серијата, емитувано во 2021 година. Во интервју за Си-Би-Ес Њуз, актерката изјави дека засега не размислува за ново  обединување.

-Не знам. Не мислам. Никогаш не се знае зошто или како. Можеби би имало смисла. Не знам. Во моментов не мислам дека има, изјави Кудроу. Таа, сепак, откри дека пронашла утеха во гледањето на епизодите од „Пријатели“ по смртта на Метју Пери, кој ја толкуваше улогата на Чендлер Бинг, а почина во 2023 година на 54-годишна возраст.

-Мислам дека се грижев дека некој ќе помине и ме види како ја гледам сопствената серија, а  тоа ме вознемируваше. Но, по смртта на Метју постојано го правев тоа. Тоа навистина ми донесе утеха. Затоа неодамна почнав да гледам ‘Пријатели’ пред спиење. Бидејќи не сум ги гледала сите епизоди. И навистина е забавно!, изјави таа.

Во другиот дел од разговорот, Кудроу посочи дека често се навраќа на своите претходни улоги и не ја исклучува можноста повторно да го оживее ликот на Фиби Буфе.

-Не знам, тоа е добро прашање. Не е невозможно. Едноставно ќе ги правам работите што ги правев и претходно, додаде актерката.

Во моментов, Кудроу ја промовира третата и последна сезона од серијата  „Враќање“ (The Comeback), во која ја игра Валери Чериш - лик што првпат го толкуваше во 2005 година, а повторно го оживеа во 2014 година. мв/ссм/

Фото: Википедија

 

Остани поврзан