• петок, 22 ноември 2024

Лион објави дека финансиски ќе му парира на ПСЖ

Лион објави дека финансиски ќе му парира на ПСЖ
Лион, 22 јуни 2022 (МИА) – Новиот сопственик на францускиот прволигаш Лион, американскиот бизнисмен Џон Текстор, најави амбициозен финансиски план со кој неговиот клуб ќе му парира на ПСЖ во освојувањето титули. Лион последен пат беше шампион на Франција во 2008 година, додека ПСЖ доминира во францускиот фудбал, откако клубот од Париз го презеде катарски конзорциум и стана еден од најбогатите клубови во светот. Минатата сезона Лион заврши со 27 бодови заостанување зад шампионот ПСЖ. - Мислам дека за неколку години ќе можеме да ги стигнеме. Сакаме да освојуваме титули. Парите не се проблем. Во нашиот фудбалски клуб ќе можеме да имаме исто толку капитал, колку и катарскиот емир, изјави Текстор. Ветувањето на американскиот бизнисмен дека ќе вложи многу пари беше дел од договорот за негово преземање на Лион, а Текстор рече дека веднаш ќе вложи 86 милиони евра. ег/паг/

Остани поврзан