• понеделник, 23 декември 2024

Линекер до Кејн: Оди во Баерн, фудбалот се игра за тимски трофеи, а не за индивидуални

Линекер до Кејн: Оди во Баерн, фудбалот се игра за тимски трофеи, а не за индивидуални

Лондон, 5 август 2023 (МИА) - Поранешниот англиски репрезентативец и ТВ водител Гери Линекер даде свое мислење за потенцијалниот трансфер на напаѓачот на Тотенхем Хари Кејн во Баерн.

 

Според Линекер, најдобра опција за напаѓачот би била да потпише договор со германскиот шампион.

 

- Сега е вистинскиот момент. Минхен е добар град, а Баерн е еден од најголемите клубови во светот. Суштината на фудбалот е тимски а не индивидуални награди. Мислам дека Спарс нема ни да се пласираат меѓу најдобрите четири на крајот од сезоната во Премиер лигата, изјави Линекер.

 

Англиските медиуми објави дека Баерн упатил трета и последна понуда до Тотенхем тешка 100 милиони евра. Претходно лондонци одбија 70 и 80 милиони понудени од Баварците. 

Кејн потекнува од фудбалската школа на Тотенхем. Во сезоната 2022/23, напаѓачот постигна 32 гола и пет асистенции на 49 натпревари за Спарс во сите натпреварувања.

 

Порталот Transfermarkt.com ја проценува вредноста на играчот на 90 милиони евра. зс/

 

Фото: ЕПА

Остани поврзан