• недела, 22 декември 2024

Лидерот на ОВП, канцеларот Нехамер, повторно ја отфрли можноста за коалиција со екстремнодесничарската ФПО

Лидерот на ОВП, канцеларот Нехамер,  повторно ја отфрли можноста за коалиција со екстремнодесничарската ФПО

Виена, 15 октомври 2024 (МИА) - Лидерот на конзервативната Австриска народна партија (ОВП), канцеларот Карл Нехамер, денеска, по средбата со лидерот на Партијата на слободата (ФПО), Херберт Кикл, го повтори своето противење на учеството на неговата партија во владата заедно со него.

На 29 септември евроскептичната, проруска ФПО, за првпат победи на парламентарните избори во Австрија со 29 отсто од гласовите, но потребна и е коалиција за формирање влада и мнозинство во парламентот.

Кикл смета дека треба да биде канцелар, но другите партии не сакаат сојуз со него.

Австрискиот претседател Александар Ван дер Белен, кој го координира формирањето влада, минатата недела изјави дека лидерите на трите партии со најмногу гласови треба да се состанат оваа недела за да видат „дали навистина го мислат тоа што го зборуваат“.

-Нема да му помогнам на Херберт Кикл, рече Нехамер на кратката прес-конференција по средбата со лидерот на ФПО, првата од трите планирани.

ФПО јавно предложи ОВП да го смени Нехамер за да се овозможи идната коалиција, но раководството на конзервативната партија останува крај канцеларот.

Кикл смета дека секоја коалиција без ФПО би била недемократска бидејќи неговата партија победи на изборите, иако ОВП не се согласува и тврди дека мнозинството Австријци гласале против ФПО.

За ФПО не постои можност за владеење без ОВП, а ОВП би можела да предводи коалиција со третопласираните социјалдемократи и помалите партии како либералната Неос.сд/

фото:МИА архива

Остани поврзан