• понеделник, 23 декември 2024

Лидерот на бунтовниците во Тиграј: Ќе продолжиме да се бориме

Лидерот на бунтовниците во Тиграј: Ќе продолжиме да се бориме
Адис Абеба, 29 ноември 2020 (МИА) - Лидерот на бунтовниците во Тиграј, Дебрецион Гебремајкл, само неколку часа откако синоќа беше соопштено дека се завршени воените операции во регионот, изјави дека ќе продолжи борбата противетиописката Влада. - Нивната бруталност може да придонесе за нашата одлучност да се бориме против освојувачите, истакна Гебремајкл. Етиописките сојузни сили вчера објавија дека имаат „целосна контрола“ над главниот град на Тиграј, Мекеле, додека премиерот Абиј Ахмед истакна дека полицијата трага по лидерите на Народноослободителниот фронт на Тиграј. ми/

Остани поврзан