• сабота, 23 ноември 2024

Лидерите на Г-20 фрлаа парички во фонтаната Ди Треви во Рим

Лидерите на Г-20 фрлаа парички во фонтаната Ди Треви во Рим
Рим, 31 октомври 2021 (МИА) - Лидерите на најголемите светски економии денеска во Рим беа во обиколка на знаменитостите на градот, вклучувајќи ја и Фонтаната „Ди Треви“, пред да ја договорат својата конечна изјава за климатските промени и да го завршат дводневниот собир. Секој од лидерите од Групата 20 најразвиени индустриски земји во светот и земјите во развој фрли паричка во фонтаната, прославена во многу филмови, меѓу кои најпознат е „Ла Долче Вита“ на Федерико Фелини. Се верува дека кој ќе фрли паричка во фонтаната ќе се врати во Рим. Во денешното фрлање паричка не учествуваа сите лидери на Г-20, а меѓу забележително отсутните беше и американскиот претседател Џо Бајден. Парите од фонтаната редовно се вадат и се донираат во добротворни цели. паг/

Остани поврзан