• понеделник, 21 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ливерпул прими три гола во едно полувреме за прв пат по пет години

Ливерпул прими три гола во едно полувреме за прв пат по пет години

Лондон, 7 април 2025 (МИА) - Ливерпул загуби на вчерашното гостување во Лондон кај Фулам во натпреварот од 31. коло на Премиер лигата со 3:2. 

Домаќините трите гола ги постигнаа од 23 – 37.минута за на полувреме да се замине со резултат 3:1. 

Тимот од „Енфилд“ прими три гола во едно полувреме за прв пат од октомври 2020 година. Тогаш Ливерпул загуби од Астон Вила со резултат 4:1.

Оваа сезона во Премиер лигата, екипата на Арне Слот по 31 коло има освоено 73 бода и е на чело на табелата со 11 бодови пред Арсенал. зс/

Фото: ЕПА

Остани поврзан