• вторник, 26 ноември 2024

Либија: Поделба на приходите е услов за продолжување на производството на нафта

Либија: Поделба на приходите е услов за продолжување на производството на нафта
Триполи, 13 јули 2020 (МИА) – Либиската племенска вооружена фракција, лојална на командантот Калифа Хафтар, соопшти дека ќе овозможи производството на нафта да се рестартира и отворање на нафтените терминали само доколку се воспостави механизам за правична распределба на приходите меѓу ривалските политички опции кои се борат за власт во Либија. Силите на Калифа Хафтар ги затворија терминалите за извоз на нафта и главните нафтоводи на почетокот од годинава, со цел да извршат притисок врз ривалските сили поддржани од ОН и да го контролираат главниот град на Либија, Триполи. Претставник на силите на Хафтар, Ахмед ел-Мосмари недвосмислено повика подеднакво да се поделат приходите од трговијата со нафта и побара да се воспостави „јасен механизам“ за прераспределба на приходите од експлоатацијата на нафта. Покрај тоа, ел-Мосмари побара меѓународни гаранции дека приходите од нафта нема да се користат за финансирање на „терористи и платеници“. Силите на Хафтар имаат поддршка од Обединетите Арапски Емирати, Египет, Русија и Франција. јт/

Остани поврзан