• четврток, 26 декември 2024

Либан соопшти дека речиси 500 луѓе загинале во бранот израелски воздушни напади

Либан соопшти дека речиси 500 луѓе загинале во бранот израелски воздушни напади

Бејрут, 24 септември 2024 (МИА) – Либанското Министерство за здравство синоќа соопшти дека бројот на загинати во израелските воздушни напади се искачи на 492 лица, а уште 1.645 се ранети.

Како што пренесува ДПА, Министерството соопшти дека 35 деца и 58 жени биле убиени откако Израел го започна својот најсмртоносниот бран воздушни напади врз милицијата Хезболах, поврзана со Иран, од 2006 година.

Нападите, фокусирани на јужен и источен Либан, почнаа вчера наутро и во нив беа погодени 1.300 цели на Хезболах, изјави израелскиот министер за одбрана Јоав Галант.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го опиша како превентивен напад чија цел е да се елиминира оружјето на Хезболах. јт/

Фото: ЕПА

Остани поврзан