• сабота, 03 август 2024

Либан: Армијата пронајде 20 ракетни фрлачи во близина на границата со Израел

Либан: Армијата пронајде 20 ракетни фрлачи во близина на границата со Израел

Бејрут, 16 октомври 2023 (МИА) - Либанската армија денеска соопшти дека во операциите за пребарување открила 20 ракетни фрлачи во близина на границата меѓу Либан и Израел.

Во соопштението на армијата се наведува дека четирите откриени фрлачи имаат ракети и дека се подготвени за истрелување.

Исто така, беше соопштено дека воени експерти работат на демонтирање на фрлачите, кои беа откриени во близина на селото Клаиле, јужно од пристанишниот град Тир.

Во последните денови, десетици ракети беа истрелани од Либан кон северен Израел, во нападите извршени од либанската милитантна група Хезболах од почетокот на конфликтот меѓу Израел и палестинскиот Хамас.

Премиерот на преодната влада на Либан, Наџиб Микати, денеска изјави дека политички парализираната администрација на земјата се бори да ги намали тензиите долж јужната граница со Израел и да избегне вовлекување на Либан во војна.

Микати телефонски разговараше со највисоките американски претставници и шефови на држави и највисоки дипломати од Велика Британија, Франција, Турција, Катар, Јордан и Италија. паг/

Фото: ЕПА

 

 

Остани поврзан