• понеделник, 23 декември 2024

Либански Хезболах го нападна северен Израел по израелскиот напад врз неговото седиште

Либански Хезболах го нападна северен Израел по израелскиот напад врз неговото седиште

Бејрут, 28 септември 2024 (МИА) - Либанското движење Хезболах синоќа соопшти дека го нападнале северниот израелски град Сафед, што е негов прв напад по тешките израелски напади врз воениот штаб на движењето во јужните предградија на Бејрут.

Хезболах вели дека истрелал ракети кон Сафед „во одбрана на Либан и неговиот народ и како одговор на израелските напади“, соопшти шиитското либанско движење.

Израелската армија пак соопшти дека ракета на Хезболах погодила куќа во Сафед и дека и таа извршила напад и врз позициите на Хезболах во Либан, каде попладнето го гаѓала седиштето на организацијата. паг/

Фото: МИА архива


  
 

Остани поврзан