• петок, 05 декември 2025

Либански власти: Петмина мртви, 28 повредени во израелски напад во близина на Бејрут

Либански власти: Петмина мртви, 28 повредени во израелски напад во близина на Бејрут

Бејрут, 23 ноември 2025 (МИА) - Во денешниот израелски воздушен напад во јужните предградија на Бејрут, упориште на проиранскиот Хезболах, загинаа пет лица, а 28 се повредени, објави либанското Министерство за здравство. Како што објавија повеќе израелски медиуми, началникот на штабот на Хезболах, Али Табатабаи, е убиен во нападот денеска.

Нападот погодил деветкатна зграда во густо населен дел од предградието.

Либанскиот претседател Џозеф Аун ја повика меѓународната заедница „сериозно и енергично да интервенира за да ги прекине нападите врз Либан“ извршени од Израел.

Израелската војска извршува напади во Либан и покрај договорот за прекин на огнот од 27 ноември 2024 година, со кој заврши повеќе од една година конфликт, вклучително и два месеци отворена војна меѓу Израел и проиранското либанско движење Хезболах. мс/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан