• вторник, 17 декември 2024

Либанскиот Хезболах истрелал десетици ракети во северен Израел

Либанскиот Хезболах истрелал десетици ракети во северен Израел

Бејрут, 15 февруари 2024 (МИА) - Либански Хезболах соопшти дека денеска истрелал десетици ракети врз северен Израел како одговор на израелските напади врз јужен Либан претходниот ден, во кои загинаа 15 лица, меѓу кои и воен претставник на Хезболах.

-Во првиот одговор на масакрите во областите Набатиех и Саванех (на југот на Либан), во 17:55 часот по локално време, борците на исламскиот отпор истрелаа десетици ракети од типот „Каќуша“ врз Кирјат Шамон“ во северно од Израел, кој граничи со Либан, објави Хезболах.

Размената на оган меѓу Хезболах, сојузник на палестинскиот Хамас, со израелската армија, која станува речиси секојдневна од почетокот на војната меѓу Израел и Хамас во Газа на 7 октомври, се интензивира во изминативе денови.

Хезболах поддржан од Иран, ја презеде одговорноста за серијата напади врз израелските воени позиции во близина на границата претходно денеска.

Во три одделни изјави, либанското движење објави дека загинале тројца свои борци во денешните израелски напади, со што вкупниот број на загинати членови на Хезболах од вчера се искачи на осум. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан