• понеделник, 23 декември 2024

Либанскиот премиер побара итен прекин на огнот со Израел

Либанскиот премиер побара итен прекин на огнот со Израел

Бејрут, 11 ноември 2024 (МИА) – Либанскиот технички премиер, Наџиб Микати, денеска повика на итен прекин на огнот долж либанско-израелската граница и рече дека војната има катастрофални последици за неговата земја.

Микати повика на спроведување на резолуцијата на ОН со која заврши војната меѓу Израел и Хезболах во летото 2006 година и побара распоредување на либански војници долж границата со Израел во соработка со мировниците на ОН.

Либанскиот премиер за ова зборуваше на отворањето на арапско-исламскиот самит во саудиската престолнина Ријад.

Тој рече дека војната предизвикала невидени загуби, при што веќе загинале над 3.000 лица, вклучувајќи 775 жени и деца.

Тој, исто така, рече дека војната предизвикала загуби од 8,5 милијарди долари, вклучително и 3,4 милијарди долари поради уништување или оштетување на околу 100.000 станбени единици во различни делови на земјата.

-Ниту една земја не може да го преземе товарот на толку големо уништување, рече Микати, додавајќи дека Бејрут ќе формира фонд во кој пријателските земји ќе инвестираат за процесот на обнова и за процесот на обнова уништен од акциите на Израел.

Тој рече дека фондот ќе биде под меѓународен надзор и меѓународна ревизија.

Микати апелираше до другите земји да ја поддржат либанската држава, а не политичките фракции во неа.

Саудиска Арабија денеска е домаќин на самит за војните на Блискиот Исток.

Саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман во својот говор рече дека неговото кралство ја повторува својата „осуда и категорично отфрлање на геноцидот извршен од Израел врз братскиот палестински народ, во кој 150.000 маченици ги загубија своите животи, се ранети или исчезнаа, главно жени и деца“.

-Потврдуваме дека продолжувањето на злосторствата на Израел против невините луѓе, неговата упорност во кршењето на светоста на благословената џамија Ал Акса и одвраќањето од клучната улога на Палестинската управа на сите палестински територии ќе ги поткопа напорите за постигнување на легитимните права на палестинскиот народ да воспостави мир во регионот, рече престолонаследникот Бин Салман.сд/

фото:ЕПА

Остани поврзан