Либанскиот парламент го продолжи својот мандат за две години
- Либанската државна новинска агенција соопшти дека 76 пратеници гласале „за“, 41 „против“, а четворица биле воздржани.
Бејрут, 9 март 2026 (МИА) - Либанскиот парламент денеска го продолжи својот мандат за уште две години поради американско-израелската војна со Иран и израелските операции во Либан.
Либанската државна новинска агенција соопшти дека 76 пратеници гласале „за“, 41 „против“, а четворица биле воздржани.
Блок од 13 пратеници од милитантната група Хезболах, поддржана од Иран, исто така гласал за продолжување на мандатот.

Од почетокот на американско-израелската војна против Иран, околу половина милион луѓе се раселени во Либан, што го отежнува одржувањето избори.
Парламентарните избори беа закажани за мај оваа година.сд/ми/
Фото:ЕПА