• сабота, 23 ноември 2024

Ле Мер: Договорот на ЕУ е можен и неопходен

Ле Мер: Договорот на ЕУ е можен и неопходен
Париз, 20 јули 2020 (МИА) - Договорот на државите на ЕУ за планот за обнова „е можен и неопходен“, рече денеска францускиот министер за економија Бруно Ле Мер, во изјава по три дена преговори меѓу претставниците на Унијата, кои сè уште не донеле резултати. - Прашањето за овие преговори што се одвиваат во Брисел е дали Европа ќе биде меѓу големите сили во 21 век или не, предупреди Ле Мер. Лидерите на 27 земји-членки на Европската унија ги продолжија маратонските разговори и по полноќ во Брисел во обид да постигнат договор за пакетот за економско закрепнување на Унијата од последиците од кризата предизвикана од Ковид-19. Портпаролот на претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, на Твитер, во шест часот изутринава, соопшти дека нова пленарна сесија е закажана за денеска во 16 часот. паг/

Остани поврзан