• среда, 03 јули 2024

Лејвер купот 2025 во Сан Франциско

Лејвер купот 2025 во Сан Франциско

 

Сан Франциско, 7 март 2024 (MИА) – Двобојот меѓу тениските репрезентации на Светот и Европа, Лејвер куп 2025, ќе се одржи во Сан Франциско од 19 до 21 септември, објавија денеска организаторите.

„Љубителите на тенисот во Заливот го обожуваат начинот на кој Лејвер купот ги трансформира најдобрите тенисери во соиграчи“, рече легендарниот тенисер Роџер Федерер, кој, воедно, е еден од иницијаторите на ова натпреварување.

Овогодишниот Лејвер куп ќе се одржи од 20 до 22 септември во Берлин каде репрезентацијата на Светот ќе се обиде прв пат да запише две последователни победи. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан