• понеделник, 23 декември 2024

Лефков: Бирото за метрологија набавило мобилна лабораторија три пати поскапо

Лефков: Бирото за метрологија набавило мобилна лабораторија три пати поскапо
Скопје, 22 февруари 2023
 
Денес продолжуваме со обелоденување на сомнителните зделки на луѓето блиски до Груби.  Ќе обелодениме сомнежи како Мерита Мустафаи, директор на Бирото за метрологија, која дава акредитација на Метролаб основана од шалтерски работник кај Груби за баждарење на инструменти за мерење на нафтени деривати и течен нафтен гас, го оштетува буџетот.Ова е договор за набавка на подвижна лабораторија склучен помеѓу Бирото за метрологија раководено од Мустафаи и фирмата, РОФА од Австрија во вредност од 600.000 евра од 2019 година.Според нашите информации првична понуда за ваква лабораторија има добиено Државниот Пазарен Инспекторат и понудата била од истата фирма за 3 пати пониска од таа дадена на Директорката на Бирото за метрологија.И покрај тоа што Мерита Мустафи требала да направи истражување на пазарот и да утврди колку вреди таквата набавка, таа ја набавува опремата во 2019 година, со основна намена испитување на квалитет на нафтените деривати. Оваа Лабораторија во пракса се покажува како нефункционална, и опремата од истата подоцна се вади и се преместува во просториите на Бирото за метрологија.Мустафаи знаела дека таква мобилна лабораторија ќе биде нефункционална, но наместо за многу помалку пари да воспостави лабораторија во просториите на Бирото за метрологија и да се акредитираат за земање примероци одлучува да ја спроведе набавката од 600.000 евра и да го купат ова комбе. Бидејќи одржувањето на комбето станало нерентабилно со многу дефекти и можност за брзо расипување на опремата во него, Мустафаи како што рековме одлучува да направи фиксна лабораторија во просториите на Бирото за метрологија и опремата да ја дислоцира во неа.Мустафаи наместо првично да набави лабораторија за собни услови, таа троши 600.000 евра за лабораторија која подоцна ќе ја растури, резултатот е само поскапо платена опрема.Мустафаи не застанува тука, по примерот со набавката на мобилна лабораторија за нафтени деривати, таа во 2022 набавува опрема за испитување за Мазут во висина од неверојатни 416.000 евра.Само за споредба мобилната лабораторија, комбето со 7 инструменти, чини 600.000 евра, а опремата за мазут која се состои од 4 инструменти е купена за 416.000 евра.Како минува времето поминато на функција, така и се зголемуваат набавките. Па во октомври 2022 година Мустафаи набавува опрема за верификација на гасомери која чини неверојатни 1.050.000 евра.За само 3 години направени се 3 набавки во вкупна вредност од неверојатни 2.000.000 евра.Ги повикуваме ДПИ и Бирото за метрологија да одговорат, дали Бирото за метрологија набавило лабораторија по 3 пати поскапа цена од тоа што истиот добавувач претходно му понудил на Државниот пазарен инспекторат?ЈО и ДКСК како и Финансовата полиција да отворат истраги за овие набавки, како и истрага за значително подобрената имотна и финансиска состојба на Директорката Мерита Мустафаи од 2019 година па се до денес, која се гледа преку хациендата од 150м2 на Попова Шапка на име на нејзиниот сопруг, која не е пријавена во нејзиниот анкетен лист.
 
 
Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
 
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

—————————————————————————————————————————

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан