Лерој Сане ќе патува со Баерн Минхен во САД и покрај тоа што не го обнови договорот со клубот
- Крилниот напаѓач Лерој Сане ќе патува во САД со Баерн Минхен за Светското клупско првенство и покрај тоа што не го обнови договорот со клубот, објавија германските медиуми.
Минхен, 10 јуни 2025 (МИА) - Крилниот напаѓач Лерој Сане ќе патува во САД со Баерн Минхен за Светското клупско првенство и покрај тоа што не го обнови договорот со клубот, објавија германските медиуми.
Сане беше вклучен во составот од 29 играчи што го објави Баерн пред нивното заминување во Орландо, каде што ќе претстојуваат за турнирот. Договорот на играчот истекува на 30 јуни, а Светското клупско првенство се одржува од 14 јуни до 13 јули.
Сане неодамна ја отфрли понудата за продолжување на договорот што ќе го задржеше во Баерн Минхен до 2028 година. Баерн инсистираше на јасност пред да се упати кон САД, но сè уште не е јасно дали Сане планира да остане или да ја продолжи кариерата во друг клуб.
Првиот дел од составот, вклучувајќи ги Мануел Нојер, Томас Милер и Џамал Мусијала, отпатува во вторникот. Играчите кои биле или сè уште се вклучени во своите национални тимови, како што е Хари Кејн, ќе се приклучат на тимот во наредните денови.
Баерн ќе се соочи со Окленд Сити во својот прв натпревар во недела. Другите натпревари на тимот во групната фаза се против Бока Јуниорс на 21 јуни и Бенфика на 24 јуни. дс
Фото: Архива