• сабота, 29 јуни 2024

Ленард опериран по делумното кинење на вкрстениот лигамент на коленото

Ленард опериран по делумното кинење на вкрстениот лигамент на коленото
Лос Анџелес, 14 јули 2021 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес клиперс, Каваи Ленард, успешно е опериран по делумно прекинување на предниот вкрстен лигамент на десното колено. Според информацијата на официјалната веб-страница на НБА, времето на закрепнувањето на 30-годишниот Американец е непознато. Ленард го повреди коленото во четвртиот натпревар од второто коло во плејофот против Јута џез и го пропушти остатокот од плејофот. Клиперси загубија Јута со 4:2 во серијата. зс/

Остани поврзан