Леклер ја освои пол-позицијата на „Хунгароринг“
- Возачот на Ферари, Шарл Леклер, победи на денешните квалификации за Големата награда на Унгарија.
Будимпешта, 2 август 2025 (МИА) - Возачот на Ферари, Шарл Леклер, победи на денешните квалификации за Големата награда на Унгарија.
Моначанецот ги заврши квалификациите со време од 1 минута и 15,372 секунди.
Возачот на Мекларен, Оскар Пјастри, заврши втор, 0,026 секунди зад лидерот. Третото место го освои уште еден возач на Мекларен, Ландо Норис (+0,041).
Актуелниот светски правк, Макс Верстапен се пласира на 8. место.
Главната трка ќе се одржи утре со почеток во 15 часот. зс/
Фото: ЕПА