• петок, 27 декември 2024

Лекарот на Марадона под истрага заради можно убиство од небрежност

Лекарот на Марадона под истрага заради можно убиство од небрежност
Лондон, 29 ноември 2020 (МИА) - Истражувајќи ја смртта на фудбалската легенда Диего Марадона, аргентинската полиција денеска изврши претрес во куќата на неговиот личен лекар, Леополд Луке, обидувајќи се да утврди дали Марадона е жртва на небрежност, пишува Дејли меил. Весникот наведува дека ќерките на Марадона Далма и Џанина тврдат дека тој не добил соодветни лекови. Полицијата го истражува лекарот за неговите постапки во последните денови од животот на Марадона, а аргентинските телевизии пренесуваа во живо од претресот во неговата куќа и клиника. Адвокатот на Марадона, Матијас Морла, минатата недела побара истрага од највисоко ниво за улогата на итната медицинска помош во смртта на Марадона. Марадона почина од „акутен едем на белиот дроб и хронична срцева исуфициенција“, се наведува во прелиминарниот извештај на обдукцијата. сд/

Остани поврзан